Ганиу даде рок од пет дена за отстранување на терасите, потоа следуваат казни!

фото: МИА

Во рамките на акцијата што Општина Чаир ја поведе за отстранување на терасите поставени без дозвола во Старата скопска чаршија, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, јавно им се заблагодари на сите бизнисмени што го почитуваа законот и сами ги отстранија терасите за кои не поседуваа дозвола. Од Општина Чаир соопштија дека за нив нема да бидат изречени предвидените законски казни.

– Иницираната акција од страна на Општина Чаир ќе продолжи да се реализира и градоначалникот Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот. Рокот за реакција од страна на самите сопственици е 5 работни дена. По овој рок, инспекторите и полициските службеници ќе ги отстранат незаконски поставените тераси и на сопствениците ќе им бидат изречени соодветни казни – велат од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот