ГАЛЕРИЈА | Гастро марифети: Лекции по готвење од наставничката Наташа Наџакова – Нумановиќ

Фото: Приватна архива
Наташа Наџакова – Нумановиќ е одделенски наставник, ама и виртуоз во кујна. Навистина има што да се научи од „нашата наставничка“.

– Откако знам за себе сакам да готвам, со голема љубов и посветеност го правам тоа. На почетокот, кон крајот на основно, подготвував разни оброци, сама комбинирајќи разни вкусови и некако си се пронајдов себеси, гледајќи ги и гозбите кои секогаш се правеа кај нас за родендени, празници, слави… Баба ми беше многу вешта жена, од неа ми е целокупниот интерес и големата љубов кон гастрономијата, исто и мајка ми, заедно на почетокот подготвувавме разни јадења и некако сè многу брзо ми „легна“. Користам рецепти од баба ми, од Интернет, сакам да испробам сè, а во групата „Здрава храна“ има многу креативни и вкусни рецепти. Моментално подготвувам кадаиф и ви благодарам што ме исконтактиравте на еден ваков убав и голем ден, ни рече Наташа.

Додека го чекавме кадаифот, дегустиравме три други превкусни рецепти подготвени од Наташа, кои сега ги споделуваме со вас. На здравје! 
Фото: Приватна архива

Лења пита со вишни

Фото: Приватна архива

Тесто: се матат 3 јајца и 1 чаша од 200 мл шеќер, се додава 1 чаша зејтин, 1 прашок за пециво и 3,5 чаши брашно постепено, се мати да се соедини убаво.
Фил: немам точна мерка, сè е од око, вишни 1 пакетче од 300 – 400 гр, шеќер, ванилин шеќер, мелени плазма бисквити.
Во намрсен плех се става од тестото, фил, тесто. Се пече на 200°С, 30 – 40 минути. Кога ќе се олади се наросува со шеќер во прав и цимет.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Домашен бурек како од бурекџилница

Фото: Приватна архива

За 4 лица: 500 гр кори за пита, 500 гр сирење, 250 мл вода, 125 мл масло за јадење, 50 гр путер, хималајска сол. Доколку пак, го правите со месо – пропржете рендан кромид, мешано мелено месо, бибер и зачин.

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 40 минути.

Фото: Приватна архива

Подготовка: Во длабок сад ги ставаме водата и маслото, посолуваме и мешаме со лажица додека солта се растопи. Во тркалезна тава број 24, намрсена со путерот, ставаме две кори, оставајќи краевите на корите да висат надвор од тавата. Попрскуваме со посолената мешававина од вода и масло. Сирењето го дробиме со вилушка и половината го нанесуваме на корите. Врз сирењето ставаме една стуткана кора, и попрскуваме со мешавината од масло и вода. Додаваме уште една стуткана кора и пак попрскуваме со маслото и водата. Врз кората го нанесуваме преостанатоо дробено сирење и попрскуваме со мешавината од масло и вода. Прекриваме со последната кора и повторно попрскуваме со маслото во вода. Краевите на првите две кори ги свиткуваме кон внатешноста на тавата, затворајќи го бурекот. Уште еднаш пропрскуваме со преостанатата мешавина од масло и вода, и ја ставаме тавата во рерна.

Печеме 25 минути на 180 степени, и бурекот го вадиме од рерна. Испечениот бурек го превтуваме на даска за сечење и го сечеме на осминки.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Крофни (од тетратките на баба ми)

Фото: Приватна архива

Тесто: 1/2 кг брашно, 1 свеж квасец да стаса (со млака вода, 2 лаж. шеќер, 1 лаж. сол, 3 лаж. брашно), 4 лаж. шеќер, 1 лажичка сол, 1/2 филџан зејтин, 250 гр млака вода, брашно се додава по потреба за да не се лепи тестото на прстите, се меси и се удира 100 пати. Се сука тестото со дебелина од 1/2 см и се прават крофни – кругчиња кои се оставаат да стасаат 15 минути.

Се пржат во врел зејтин, се валкаат во шеќер во прав или по желба.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Видео на денот