Гаел Монфис ќе ја заврши кариерата на крајот од следната сезона
Францускиот тенисер Гаел Монфис објави на социјалните мрежи дека ќе ја заврши кариерата на крајот од следната сезона.
Препорачано
Монфис има освоено 13 АТП трофеи во својата кариера. Францускиот тенисер го имаше својот најдобар ранг во кариерата во ноември 2016 година кога беше шести играч во светот.
– Првпат држев рекет во рацете на две и пол години, а ја започнав професионалната кариера на 18 години. Во овој момент, во ситуација во која го прославив мојот 39 роденден пред еден месец, сакам да објавам дека следната година ќе биде мојата последна како професионален тенисер – објави Монфис на социјалните мрежи.
На грен слем турнирите Французинот најдалеку стигнуваше до полуфиналето на Ролан Гарос во 2008 и САД опен во 2016 година.
– Иако овој спорт ми значи сè на светот, исклучително сум среќен со мојата одлука да се пензионирам на крајот од тениската сезона 2026. Имав шанса да играм во златна ера на тенисот, покрај некои од најдобрите во историјата на спортот: Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Мареј – рече, меѓу другото, Монфис, кој моментално е рангиран на 53. место на АТП ранг-листата.
View this post on Instagram


