Гаџа понекогаш го нервира Вујовиќ, Кудуз ќе биде подготвен за Монпелје

Веселин Вујовиќ до неодамна беше тренер на РК Вардар/ Скопје, Македонија/29 септември/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардар 1961 после три кола оваа сезона во Лигата на шампионите моментно го дели првото место со Пик Сегед во рамките од групата „А“ со по пет бодови.

Играчите на тренерот Веселин Вујовиќ се во мини серија од две победи и навивачите на овој клуб дека истата ќе продолжи и на 13 октомври кога во СЦ „Јане Сандански“ ќе гостува францускиот Монпелје.

РК Вардар 1961 денеска објави дека во продажба се поединечните билети не само за мечот со Монпелје, туку и за натпреварите против Кил и Пик Сегед.

Вујовиќ во интервјуто за хрватскиот веб портал „Sportske novosti“ зборуваше за досегашниот нов мандат во редовите на Вардар 1961, самата атмосфера меѓу ракометарите, ЛШ, неговиот поранешен клуб ППД Загреб и за хрватските интернационалци во македонскиот шампион, Анте Гаџа и Анте Кудуз.

Гаџа досега воглавно добиваше минутажа на плејмејкерската позиција, но сега после повредата се очекува камбек да направи неговиот сонародник Кудуз.

Вујо доби прашање, колку е задоволен од настапите на Гаџа и Кудуз..

– Многу, иако понекогаш ме нервира Гаџа, бидејќи нема ни „прва“ ни „трета брзина“, често е во втора, а што се однесува до Кудуз имаше проблем со повреда, па одлучив да го поштедам за да биде подгорвен за Монпелје – рече Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот