Продажба на поединечни билети за дуелите на Вардар со Монпелје, Кил и Пик Сегед

РК Вардар
Нови големи европски мечеви го очекуваат РК Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“/Скопје, Македонија, 22 септември 2021 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Со цел да им се овозможува на навивачите навреме да обезбедат билет за некој од следните три домашни натпревари во ЕХФ Лига на шампионите од денеска почнува продажбата на поединечните билети за средбите против Монпелје, Кил и со ПИК Сегед.

– Првиот меч Вардар го игра против Монпелје на 13 октомври во 20.45 часот.
– Вториот дуел е против Кил на 27 октомври во 20.45 часот
– Третиот меч е против ПИК Сегед на 25 ноември 2021 година со почеток во 20.45 часот.

Сите три натпревари ќе се играат во СЦ „Јане Сандански” – Скопје. Дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.

Блок 1,2 и 9 – 350 ден

Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” два часа пред почетокот на средбата.

Оние што купиле сезонски билети, а не ги замениле со пластифицирани истото ќе може да ги сторат секојдневно на продажното место на купикартиза во ГТЦ во Скопје, или пред самиот почеток на средбата на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” на денот на играње на натпреварот.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот