Фудбалерите пред ЕП ќе имаат контролни мечеви со Казахстан и Словенија

Македонскиот репрезентативец ги брани боите на Ал Ахли/Фото: ФФМ

Се ближи стартот на Европското првенство, а селекторот на националните репрезентации кои ќе учествуваат веќе ги објавуваат имињата на играчите на кои ќе сметаат за учество на овој настан.

Меѓу нив денеска тоа го направи и селекторот на македонската А селекција, Игор Ангеловски. Потсетување дека „рисовите“ на ЕП се во групата „Ц“ со Австрија, Украина и Холандија.

Како подготовка за дебитантскиот настап на континенталниот собир, нашата репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари во Скопје.

Според УЕФА, согласно централизираните ТВ-права, сите репрезентации пред ЕП мора да одиграат по два натпревари. Македонија договори контролен меч со Словенија на 1 јуни, а три дена подоцна ќе ги одмериме и силите со Казахстан.

Како што е веќе најавено, на 8 јуни нашите најдобри фудбалери ќе бидат во Букурешт каде што ќе ги одиграат првите два меча на Европското првенство. Поточно, на 13 јуни со Австријците, а на 17 јуни со Украинците, а потоа ќе се преселат во Амстердам за дуелот со Холандија на 21 јуни.

Секоја победа на фудбалерите на ЕП ќе им носи по 300.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот