Ангеловски го објави списокот на играчи за настап на Европското првенство

Денеска селекторот на македонската А репрезентација го објави списокот на повикани играчи за настап на Европското првенство следниот месец.

Селекторот Игор Ангеловски во својот состав има 26 репрезентативци, како што е веќе познато поради повреда не може да смета на напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски.

Повикан е Милан Ристовски од словачкиот клуб Спартак Трнава во чии редови покажува добри перформанси, а повик доби уште една голема надеж, Дарко Чурлинов од редовите на бундеслигашот Штутгарт.

Списокот на повикани играчи за Евро 2020 –

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Ристе Јанков (Работнички).

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Дарко Велковски (Риека, Хрватска), Езџан Алиоски (Лидс јунајтед, Англија).

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Бобан Николов (Лече, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија), Ељиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Марјан Радески (Академија Пандев)

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција), Крсте Велковски (Сараево, Босна и Херцеговина), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка).

Австрискиот селектор Фода со 30 кандидати за првиот меч со Македонија на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот