Секоја победа на фудбалерите на ЕП ќе им носи по 300.000 евра

epa08816186 North Mcedonia's starting eleven poses before the UEFA Euro qualifying playoff finals soccer match between Georgia and North Macedonia at the Boris Paichadze Dinamo Arena national stadium in Tbilisi, Georgia, 12 November 2020. EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука да ги напради фудбалерите за настапот на мартовските квалификации за пласман на СП 2022 година во Катар, но и да ги одреди премииите за репрезентативците за Европското првенство.
Репрезентацијата на Македонија за прв пат во историјата ќе учествува на Европско првенство, а секоја евентуална победа над Украина, Австрија и Холандија на фудбалерите ќе им донесе по 300.000 евра.
За секој нерешен натпревар на ЕП, фудбалерите и селекторот Игор Ангеловски заедно со стручниот штаб ќе бидат наградени со 150.000 евра.
Доколку репрезентација ја помине групната фаза од Европското првенство, фудбалерите и стручниот штаб ќе добијат 30 проценти од износот кој ќе се добие од паричната награда од УЕФА по покривањето на трошоците за учество на натпреварувањето.
Управниот одбор донесе одлука повикот за фудбалери за претстојното Европско првенство да изнесува 1500 евра, а дополнителни 1500 евра ќе се исплатат на име повик доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од ЕП.

Управниот одбор исто така донесе да исплати парична награда за македонската А репрезентација во износ од 150.000 Евра за мартовските натпревари од квалификациите за Светското првенство 2022 година, кога беа победени Лихтенштајн и Германија, а фудбалерите загубија од Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот