Фудбалерите на Челси посилни од проблемите, Њукасл бега од опасната зона

Мејсон Маунт погоди за Челси во триумфот над Норич/ фото: EPA-EFE/Neil Hall

Фудбалерите на Челси и покрај проблемите со кои се соочува клубот надвор од терените, славеа на гостувањето кај фенерџијата Норич во рамки на 30 коло од Премиер лигата.

Денеска на Роман Абрамович му беше замрзнат имотот во Обединетото Кралство, а со тоа е стопирана и продажбата на Челси, фудбалерите заборавија на проблемите и славеа со 1:3 против Норич и дојдоа до четвртата победа по ред.

Челси по само 15 минути игра имаше водство од 0:2 со головите на Чалоба и на Маунт и со овој резултат заврши првиот дел. Тему Пуки во 69 минута со голот од пенал внесе неизвесност во натпреварот, но трите бода и победата и победата за Челси ги обезбеди Каи Хаверц со голот во 90 минута.
Со новите три бода, Челси се зацврсти на третото есто на табелата во 56 бода, додека Норич е последен со само 17 бодови.

Во одлична форма се наоѓа и Њукасл кој ја оствари третата победа по ред и е далеку од опасната зона на испање. Њукасл славеше со 1:2 на гостувањето кај Саутемптон и ја продолжи серијата од девет натпревари без пораз во која имаат и шест победи и сега се на 14 место со 31 бод, дури десет бода над опасната зона.

Домашниот тим поведе преку Армстронг во 25 минута, но само седум минути подоцна Вуд го израмни резултатот. Голот вреден три бода го постигна Гимараеш во 52 минута и тоа на атрактивен начин, со пета.

Вулверхемптон немаше никакви проблеми против Вотфорд и славеше со 4:0 како и Астон Вила на гостувањето кај Лидс каде победи со 0:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот