Француски научници: Никотинот можеби штити од коронавирусот

Фото: ЕПА

Никотинот можеби штити од коронавирусот, покажале истражувања во Франција, а во припрема се превентивни и терапевтски студии на пациенти кои ќе се спроведат во болницата во Париз, Ла Пити-Салпетриер, пренесува Гардијан.

Хипотезата за заштитното влијание на никотинот се потпира на нискиот процент на пушачи меѓу пациентите хоспитализирани заради Ковид-19 низ светот, а добила солидна потврда во новата француска студија на 350 пациенти на болничко лекување и уште 150 од нив со благи симптоми.

„Меѓу нив само пет отсто се пушачи, што е неразмерно помалку отколку што ги има во целата популација“, рекол професорот за интерна медицина Захир Амоура, кој го спровел истражувањето.

„Хипотезата е дека никотинот се лепи на рецепторите на клетките кои ги користи и коронавирусот и така ги спречува да ги „киднапираат“ клетките, бидејќи ковид-19 влегува во клетката и почнува да се размножува“, открива професорот Жан-Пиер Шангжо.

Светски познатиот невробиолог е специјалист за никотинските рецептори и е еден од авторите на текстот кој на таа тема е објавен во магазинот на француската академија за науки.

Кога ќе добие зелено светло, што се очекува од министерот за здравство Оливие Веран, никотинските фластери ќе бидат применети во различни дози во три испитувања – како превентива на медицинските работници, да се види дали ги штити, како терапија на хоспитализираните пациенти за да се види дали ги ублажува симптомите и конечно, на заболените со тешка клиничка слика на одделението за интензивна нега, изјавил професорот Амоура.

Студијата, меѓутоа, не треба да ги поттикнува луѓето да пушат цигари, истакнале научниците. Никотинот и понатаму е штетен за срцето, белите дробови и општото здравје.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на 
Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Научници влегоа во трага на коронавирусот: Не потекнува од Вухан, ниту од лабораторијата

Научникот кој работи на вакцина за коронавирус предупредува дека нè 
очекуваат нови бранови на пандемијата

СЛИКОВИТО ОБЈАСНЕТО: Како коронавирусот ги „киднапира“ клетките (ФОТО)
Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во болницата дојде едно семејство (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот