СЛИКОВИТО ОБЈАСНЕТО: Како коронавирусот ги „киднапира“ клетките (ФОТО)

САРС-КoВ-2 коронавирус
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Вирусот Ковид-19 во моментов се шири низ светот. За околу шест типа на коронавирус познато е дека се заразни за луѓето – некои предизвикуваат симптоми на обична настинка и два предизвикуваат епидемија: САРС и МЕРС.

Прекриен со шилци
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Се нарекува коронавирус поради шилците во форма на круна кои штрчат по неговата површина. Вирусот е обвиткан во меури од маслени молекули, кои се распаѓаат при контакт со сапун.

Пробивање во ранлива клетка
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Вирусот влегува во телото низ носот, устата или очите, а потоа се прикачува на клетките при дишните патишта кои продуцираат протеин наречен ACE2. Се верува дека овој вирус доаѓа од лилјаците, кај кои можеби е врзан за сличен протеин.

Ослобoдување на вирусна рибонуклеинска киселина (РНК / RNa)
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Вирусот ја инфицира клетката со спојување на својата маслената мембрана со мембраната на клетката. Штом влезе во клетката, коронавирусот исфрла исечок од генетски материјал наречен рибонуклеинска киселина РНК (RNa).

Прочитајте и...  Потпишана Декларација за млади, образование и иднината од страна на Универзитетските собранија и политичките партии
„Киднапирање“ на клетката
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Геномот на вирусот е помал од 30.000 генетски „букви“ (нашиот има над 3 милијарди). Инфицираната клетка ја чита рибонуклеинската киселина (RNa) и почнува да создава протени кои ќе го задржат имунолошкиот систем и ќе помогнат да се создатат нови копии на вирусот.

Антибиотиците убиваат бактерии и не функционираат против вируси. Но, истражувачи тестираат антивирусни лекови кои можеби ќе ги оспорат протеините и ќе ја запрат инфекцијата.

Создавање вирусни протеини
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Како што напредува инфекцијата, машинеријата на клетките започнува да излачува нови исечоци од рибонуклеинската киселина и други протеини кои ќе создадат нови копии од коронавирусот.

Составување на нови копии од вирусот
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Нови копии на вирусот се собираат и се разнесуваат до надворешните ивици на клетката.

Ширење зараза
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Секоја заразена клетка може да ослободи милион копии на вирусот пред истата да се распадне и умре. Вирусот може да ги зарази и соседните клетки или да заврши во капки кои излегуваат од белите дробови.

Прочитајте и...  Шахпаска: Не молчете кога е ваш ред да зборувате, секој глас е одлука (ВИДЕО)
Одговор на имунитетниот систем
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Поголемиот број од инфекциите со Ковид-19 предизвикуваат температура како што имунитетниот систем се бори против вирусот. Во потешките случаи, може да се случи имунитетниот систем да „претера“ во борбата и да започне да ги напаѓа клетките на белите дробови. Тогаш белите дробови се запушуваат со течности и мртви клетки, што предизвикува отежнато дишење. Мал процент од инфекциите можат да доведат до акутен респираторен дистрес-синдром, и смрт.

Напуштање на телото
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

При кашлање и кивање, телото може да исфрли вирусни капки на други лица и површини, каде вирусот може да остане „жив“ и да инфицира од неколку часа до неколку дена. Заразените лица со Ковид-19 треба да носат заштитни медицински маски за да го намалат исфрлањето на вирусот. Медицинските лица кои се грижат за заразените пациенти треба да носат маски и соодветна заштита.

Прочитајте и...  Потврдени 199 случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, починаа 8 лица
Можна вакцина
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Идна вакцина би можела да му помогне на телото да создава антитела кои ќе го таргетираат Ковид-19 и ќе му оневозможат да ги инфицира човечките клетки. Вакцината против грип функционира на сличен начин, но антителата кои ги создава оваа вакцина не можат да го заштитат организмот од коронавирус.

Како функционира сапунот
Фото: Принтскрин / NYtimes.com

Сапунот го уништува вирусот кога водените капки од молекулите на сапунот се пробиваат при маслената мембрана коронавирусот и со тоа го уништуваат.

Најдбриот начин за да се заштите од коронавирусот е да ги миете рацете со сапун темелно и често, да не го допирате лицето, да избегнувате контакт со лица кои се болни, како и со почесто чистење и дезинфицирање на предметите и површините кои секојдневно ги користите.

Текстот и илустрациите се целосно преземени од New York Times.

Прочитај повеќе

Димковски: Консолидација на земјоделско земјиште е државна политика

МИА Агенција

Реконструирана улицата „Александар Урдаревски” во Бутел

МИА Агенција

Во Мексико, повеќе од 6.000 новозаразени со Ковид-19

МИА Агенција

Победа на Бајден и Трамп на примарните избори во Луизијана

МИА Агенција

Во Австралија уште 279 нови случаи на Ковид-19, од нив 273 во Викторија

МИА Агенција

Маж од Тексас отишол на „коронавирус забава“ по што се разболел и починал

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Српски министер е позитивен на ковид-19

МИА Агенција

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

МИА Агенција

Тортевски: Како нов политички субјект се соочивме со медиумска блокада

МИА Агенција

Од среда до 29 јули 2020 година влез во Грција преку Промахонас само со негативен тест за Ковид-19

Слободен печат

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Слободен печат

Заев: Се изгоревме со поддршката на некои кандидати на ДУИ

Слободен печат