Научникот кој работи на вакцина за коронавирус предупредува дека нè очекуваат нови бранови на пандемијата

Youtube

Флоријан Крамер, виролог од медицинскиот факултет „Ицахн“ во Њујорк, моментно со својот тим ја истражува можноста за лекување од коронавирусот.

Во интервју за Дојче веле зборува за терапијата која веќе ја користи, како и за целокупната ситуација на светско ниво.

Овој вирус потполно се разликува од сезонскиот грип. Кога е објавен генетскиот материјал на вирусот, сите во научната заедница знаеја за што се работи. Најдрастичната разлика е во тоа што во популацијата апсолутно нема имунитет, а нема ни лекови ни вакцина и затоа се шири толку лесно“, вели Крамер.

Тој смета дека е многу реално дека наскоро ќе имаме вакцина за коронавирусот.

Многу е реално, бидејќи вакцината не е во фаза на истражување, туку во клинички испитувања. Клиничките испитувања се долготрајни и имаат неколку фази, бидејќи вакцината мора да биде безбедна пред да се вакцинираат голем број луѓе. Тоа е процес кој трае 15-ина години, а сега мора да го завршиме за неколку месеци.“

Во поглед на запирањето на вирусот преку социјалното дистанцирање и самоизолацијата, Крамер вели:

Ширењето на вирусот веќе не може во целост да се запре и не беше можно да се запре кон крајот на февруари. Сепак, се залагаме за овие мерки бидејќи мора да ја израмниме епидемиолошката крива за која сите зборуваат. Ако вирусот неконтролирано се шири, се добива голем број тешко заболени за краток рок, а со тоа смртноста би била поголема. Сега се работи на тоа да се ублажи штетата што ќе ја нанесе вирусот. Дотогаш е можно голем процент од светското население да се зарази, а понатамошното ширење ќе го спречиме кога ќе биде готова вакцината.

Тој смета дека во самоизолација ќе мора да бидеме барем до средината или крајот на мај и тогаш можеби ќе има можност друштвените активности до одрдена мера да се вратат во нормала.

Според него, „мора да очекуваме дека брановите на пандемијата повторно ќе се појават во текот на летото, есента и зимата, затоа мора да се навикнеме на ваква ситуација сигурно до крајот на 2020 година.“

„Важно е да се напомене дека опоравените пациенти стануваат имуни на повторна инфекција, што значи дека можат без ризик за себе и за другите да се вратат на работа.“, заклучува Крамер.

Исто така, експерт за лекување на Ковид-19, Џан Венгхун деновиве изјави: „Човештвото нема да може целосно да излезе на крај со пандемијата на коронавирусот ова лето, а веќе во ноември можен е нов бран заболувања, иако тој нема да биде толку сериозен“.

После ноември се среќаваме со сериозен предизвик, затоа што сметам дека следниот бран од епидемијата може да се случи отприлика во ноември“, изјави Венгхун, кој воедно е и шеф на инфективното одделение во шангајската болница „Хуашан“.

 

ПРОЧИТАЈТЕ:

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на 
Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во 
болницата дојде едно семејство (ВИДЕО)

Научници влегоа во трага на коронавирусот: Не потекнува од Вухан, ниту од лабораторијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот