Кинески експерт предвидува нов бран на коронавирусот во ноември: За некои земји ќе биде тешко да ја преживеат следната зима

Коронавирус во Кина/ Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Човештвото нема да може целосно да излезе на крај со пандемијата на коронавирусот ова лето, а веќе во ноември можен е нов бран заболувања, иако тој нема да биде толку сериозен, пишува порталот „Huankajo“ повикувајќи се на зборовите на шефот на инфективното одделение во шангајската болница „Хуашан“ и експерт за лекување на Ковид-19, Џан Венгхун.

„После ноември се среќаваме со сериозен предизвик, затоа што сметам дека следниот бран од епидемијата може да се случи отприлика во ноември“, изјави експертот.

Луѓе со маски тренираат таи чи во блзина на реката Хуангапу во Шангај / Февруари 2020, Шангај, Кина / Фото: EPA-EFE/LIU XINGZHE

Експертот за лекување на Ковид-19 рече и дека болеста почнала да се јавува во земјите од Јужна Америка, Африка и Југоисточна Азија, поради што, според постоечкиот математички модел, ова лето нема да можеме целосно да се ослободиме од вирусот, а кога ќе дојде зимата – повторно сите ќе седиме дома.

Во врска со тоа, Венгхун истакна дека, благодарение на искуството што многу земји го стекнаа за време на моменталниот епидемиолошки бран, посебно во областа на дијагностиката, следниот бран од епидемијата нема да биде толку опасен.

Лице се обидува да воспостави ред пред маркет кој овозможува оброци за бездомниците / Јоханесбурх, Јужна Африка 13 април 2020 / ФОто: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

„Меѓутоа, земјите кои немаат доволно медицински ресурси, веројатно ќе им биде тешко да ја преживеат следната зима, а меѓу нив се и Африка и Јужна Америка“, оцени експертот.

Според неговите зборови, контролата над епидемиолошката ситуација во светот не зависи од Кина, САД или Европа – туку од тоа како со епидемијата можат да се носат токму земјите кои се најмалку способни да ја контролираат.

Ширум светот од новиот коронавирус заболеа 1.853.505 лица, починаа над 114.000, а оздравеа повеќе од 423.000 луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на 
Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во 
болницата дојде едно семејство (ВИДЕО)

Научници влегоа во трага на коронавирусот: Не потекнува од Вухан, ниту од лабораторијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот