ФОТО+ВИДЕО | Тензии во семејството Трамп: Меланија ја „исфрли“ Иванка од својот документарец и не ја покани на премиерата
Иванка Трамп наводно била длабоко повредена од тврдењата дека Меланија Трамп ја „исфрлила“ од документарниот филм „Меланија“. Првата дама на САД, наводно не сакала Иванка да присуствува ниту на премиерата на нејзиниот документарец пренесува „Стајл“.
Препорачано
Според американските медиуми, не само што најстарата ќерка на Доналд Трамп нема да се појави на свечената премиера што ќе се одржи на 29 јануари во институцијата која неодамна го промени името во Трамп – Кенеди центар, туку таа воопшто не се појавува во филмот, кој трае еден час и 44 минути.
По премиерата, документарецот ќе биде објавен на платформата „Amazon Prime Video“, стриминг-гигантот со кој Меланија Трамп соработува преку својата нова продукциска куќа „Muse Films“, а договорот наводно вреди 40 милиони долари.
Меланија сака вечерта само за себе
На листата на познати личности кои првата дама ги поканила на премиерата се наоѓаат Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез. Според порталот „Nice But Naughty“ и неговиот основач Роб Шутер, Меланија намерно ја исклучила Иванка од настанот „за да не ѝ го украде шоуто“.
„Меланија сака оваа вечер да биде само нејзина. Кога вниманието е толку силно насочено кон една личност, никој не сака да го дели рефлекторот. Меланија е во прв план, таа повлече јасна линија, Иванка мора да знае каде ѝ е местото“, наведува изворот.
Иако Иванка веројатно никогаш јавно нема да одговори на ова, наводно се чувствува навредено и за ситуацијата разговарала со блиски пријатели.
Ист извор се повикува и на уште еден инсајдер од Белата куќа, кој, опишувајќи ја ситуацијата како „воена состојба“, пренел дека Иванка наводно рекла:
„Секако дека боли, но не ме изненадува“.
Документарецот „Меланија“
Веста за документарецот првпат беше објавена во ноември на профилот на Меланија Трамп на мрежата Икс, каде што таа истовремено ги откри и плановите за основање сопствена продукциска куќа.
„Ви ја претставуваме: „Muse Films“ Моја нова продукциска куќа“, напиша тогаш Меланија.
„Филмот „Меланија“, ќе се емитува ексклузивно во кината ширум светот од 30 јануари 2026 година“, додаде таа.
Според краткиот опис, документарецот ги следи првите 20 дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп за неговиот втор претседателски мандат, но од перспектива на првата дама.
Во филмот се прикажани клучни состаноци, приватни разговори и простори кои досега не биле видени, како и тоа како Меланија повторно се снаоѓа во Белата куќа.
Што вели Трамп?
Пред премиерата, новинарите го прашале Доналд Трамп што мисли за филмот. Според „The Independent“, тој го опишал како „неверојатен“, но признал дека сè уште не го гледал целиот.
„Гледав делови, неверојатен е … таа напиша книга која беше бестселер, а ова е филм и изгледа дека привлекува огромно внимание“, рекол Трамп.
Тој, исто така, изјави дека интересот за премиерата е огромен и дека многу познати личности сакаат да присуствуваат, меѓу кои и легендарниот хокеар Вејн Грецки и неговата сопруга Џенет.
ФОТО | На денот на благодарноста Трамп помилува две мисирки, едната „побегнала“ од свеченоста


