Доналд и Меланија Трамп - Фото: Facebook

ФОТО | На денот на благодарноста Трамп помилува две мисирки, едната „побегнала“ од свеченоста

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, по повод Денот на благодарноста, помилува две мисирки по име Вадл (Waddle) и Гобл (Gobble). Тие беа избрани преку онлајн гласање од студентите во Северна Каролина. Меѓутоа, Вадл „побегнала“.

Вадл и Гобл пред помилувањето престојувале во луксузен хотел во Вашингтон. Трамп, меѓу другото, ѝ се обрати на Гобл.

„Гобл, само сакам да ти кажам, ова е многу важно. Со ова си безусловно помилувана. Вадл исчезна во акција, но тоа е во ред“, рече тој.

Трамп исто така изјави дека американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Јуниор потврдил дека овогодишните мисирки припаѓаат на „првата MAHA ера“, алудирајќи на слоганот „Make America Healthy Again“ („Да ја направиме Америка повторно здрава“).

На церемонијата на помилување присуствувале соработниците и членовите на кабинетот на Трамп, а некои од нив биле со своите семејства.

Првиот американски претседател што помилувал мисирка бил Абрахам Линколн. Имено, историчарите наведуваат дека тој во 1863 година ѝ го поштедил животот на една мисирка откако неговиот син Тед се спријателил со неа.

Но, годишното помилување стана „официјална“ традиција дури за време на Џорџ Буш. Тој во 1989 година ѝ го поштедил животот на мисирката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот