Фото: Инстаграм/Меланија Трамп

Меланија Трамп добива свој филм! Контроверзниот документарец вреден 40 милиони долари открива нераскажани приказни за целото семејство

Холивуд, политиката и моќта повторно се судираат во приказната за една од најмистериозните жени на модерното време. „Амазон МГМ“ (Amazon MGM Studios) официјално најави документарец за 55-годишната Меланија Трамп, филм кој, според сите извештаи, ќе ја открие скриената страна на Првата дама на Америка, пишва „Варајати“.

Премиерата е закажана за 30 јануари 2026 година, а веќе се зборува дека ова би можел да биде најексплозивниот документарец на годината.

Едноставно насловен како „Меланија“, филмот нуди досега невиден поглед зад сцената на 20-те клучни дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп во 2025 година, низ очите на неговата сопруга, жената која тивко ги обликуваше клучните моменти од политичкото враќање на нејзиното семејство.

Филмот е режиран од Брет Ратнер, познат по блокбастерите „Шпиц“ и „Црвен змеј“, но и по скандалите што речиси му ја уништија кариерата. Ова е неговото големо враќање во Холивуд, со проект кој, како што пишува „Варајати“, „или ќе ја фасцинира или ќе ја разбесни Америка“.

Се вели дека „Амазон“ платил дури 40 милиони долари за правата на документарецот, а филмот е направен со целосно учество на Меланија Трамп, која е и извршен продуцент.

Публиката ќе добие ексклузивен поглед на приватните состаноци, критичните одлуки и моментите што го означија враќањето на Трамп на политичкиот врв.

Филмот ќе ја прикаже Меланија како балансира помеѓу Трамповата кула во Њујорк, Мар-а-Лаго во Флорида и Белата куќа во Вашингтон, по изборната победа на Трамп во 2024 година. Покрај главната продукција, „Амазон“ најавува и серија од три дела што дополнително ќе ѕирне во внатрешниот свет на Трампови.

Првиот кадар што го сподели студиото ја покажува Меланија како замислено ја набљудува пистата низ прозорецот на теренец, а оваа сцена најавува ладно режиран спектакл на моќ, контрола и стратегија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот