ФОТО+ВИДЕО | Роберт Спасенцовски го прослави својот 28. роденден: Антониа му подари необичен, но оригинален подарок
Македонскиот музичар Роберт Спасенцовски, познат на сцената под уметничкото име Џокер, денеска го слави својот 28-ми роденден во кругот на најблиските. Неговата сопругата Антониа Гиговска која исто така е дел од музичката сцена, му приреди изненадување, необична роденденска торта инспирирана од ликот на Џокер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На фотографиите што таа ги сподели на социјалните мрежи, Роберт позира со тортата, а вниманието го привлече и со својoт одличен изглед.
„28“ напиша Гиговска на објавата на Инстаграм, објавувајќи дел од прославата.
Но, покрај сите подароци, за Спасенцовски највредниот подарок во животот е неговиот син Киан, кој го доби со Антониа во 2023 година.
Во една од објавите, Роберт напиша:
„Мојот животен поклон, мојот наследник“, напиша на фотографија на која е тој со малечкиот Киан во автомобил.

Прославата не помина и без малку хумор – тој сам си ја испеа „Среќен Роденден“, што го документираше во кратко видео за своите следбеници.
Покрај неговите професионални обврски во музиката, Џокер често споделува моменти со својот син, покажувајќи дека татковството му е посебно важно и му носи најмногу радост.
View this post on Instagram


