ФОТО+ВИДЕО | Меган Фокс се врати и ги залуде сите! Облечена во најминијатурната танга
Холивудската актерка Меган Фокс (39) се врати на Инстаграм по долга пауза, објавувајќи серија фотографии во едно од најпровокативните изданија досега. Актерката позира во црн краток топ кој го открива нејзиниот стомак, како и во најминијатурна танга. Нејзиниот поранешен свршеник, 35-годишниот музичар Машин Ган Кели, не можеше да одолее да не остави коментар под објавата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ѕвездата на филмот „Телото на Џенифер“ (Jennifer’s Body) го надополнила изгледот со чорапи до бутовите со подвески и црни чевли со високи потпетици, а на ѓоновите се испечатени зелени листови од марихуана.

„Жива сум, штотуку објавив нови фотографии. Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“, напишала Меган во описот на фотографиите.
Ова е нејзината прва објава откако направи пауза за да го роди своето четврто дете, ќерката Сејџ Блејд Фокс-Бејкер, родена минатиот март. Таткото на детето, Машин Ган Кели, чие вистинско име е Колсон Бејкер, коментираше:
„Воодушевен сум што го имам твојот телефонски број“.

Објавата на Фокс стана хит на Инстаграм и во првите два часа собра милион „лајкови“ од нејзините 20 милиони следбеници.
Извори блиски до двојката тврдат дека поранешните свршеници, кои се разделија на крајот од минатата година, сега се фокусираат исклучиво на заедничкото родителство. Двојката наводно се разделила во ноември 2024 година откако Фокс откри дека музичарот им пишувал пораки на други жени додека била бремена.
И покрај раскинувањето, инсајдери тврдат дека поранешните партнери се зближиле во последните месеци преку одгледувањето на нивната ќерка.
„Меган е многу задоволна од начинот на кој се однесува и кон неа и кон бебето. Иако сè уште живеат одвоено, тие поминуваат многу време заедно како семејство. Бебето им е на прво место и тоа ги зближи на многу начини. Работите сега се одлични. Тој е неверојатен со бебето и таа навистина ужива да поминува време со него“, рекол изворот за „Пипл“.


