Сидни Свини / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | „Жешки“ кадри на Сидни Свини: Актерката повторно позира во провокативна долна облека од нејзината колекција

Сидни Свини продолжува да ја промовира својата провокативна колекција на долна облека. Овој пат таа позираше само по танга и градник.

Изминатиов период таа не престанува да привлекува внимание со своите модни избори, но и со своите бизнис идеи. Сидни ја лансираше линијата долна облека наречена „Сирн“, која за кратко време доживеа глобален успех. Секоја колекција нагласува различна естетика, од заводливи модели од чипка до полежерни, секојдневни парчиња.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Таа продолжи да ја шири својата популарност, а сега ја објави веста дека пристигнала нова колекција интимна долна облека за жени. Објави серија „жешки“ фотографии на Инстаграм.

За оваа пригода актерката носеше градник од кој ги истакнуваше нејзините најголеми адути – бујните гради, но целиот провокативен изглед го надаполни со танга гаќички. Фотографиите од кампањата беа направени за да покажат како линијата „Комфи“ ја комбинира удобноста со атрактивниот дизајн, поканувајќи ги жените да се чувствуваат самоуверено секој ден.

ФОТО | Сидни Свини ќе продава градници: Холивудската актерка го претстави својот бренд за долна облека со провокативна фотосесија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот