ФОТО | За голиот фустан на Марго Роби долго ќе се зборува: Потегот на нејзиниот колега привлече особено внимание
Со секоја нова премиера на „Оркански височини“ „Wuthering Heights“, главната хероина Марго Роби импресионира сè повеќе со своите модни избори. И кога ќе помислиме дека го достигнала својот врв, една од најубавите актерки на оваа генерација успева повторно да изненади. На премиерата во Лондон, овој пат Марго даде вистинска посвета на авторката на романот што го инспирираше долгоочекуваниот филм, Емили Бронте.
Препорачано
Роби по црвениот тепих прошета украсена со диви цвеќиња, секако, заедно со својот колега од филмот Џејкоб Елорди, облечена во прекрасен проѕирен фустан-корсет на Диларе Финдикоглу и со чевли со високи потпетици на Маноло Бланик.

Она што привлече внимание беше белегзијата на нејзината лева рака, која всушност е посвета на сестрите Бронте. Тоа е совршена реплика на белегзија стара 175 години што некогаш ја поседувала Шарлот Бронте. Таканаречениот „mourning jewelry“ или накит за жалење датира од 16. век, но станал особено популарен во текот на викторијанската ера. Прстени, белегзии, приврзоци и други парчиња накит се изработувале во спомен на починатите сакани личности, честопати вклучувајќи прамени од нивната коса.
Фустанот украсен со сложени плетенки, рачно обоени за да одговараат на белегзијата, додал допир на елеганција и викторијански шарм.
За да го комплетира изгледот, јувелирката Џесика Мекормак дизајнирала и прстен со рубин и пар обетки со дијаманти и бисери. Винтиџ парчиња од колекцијата „Бушерон“, вклучувајќи ги брошевите од 1900 година и од 1920 година, дополнително го нагласиле гламурот и раскошот на целиот стил.
Авторката на хит-романот Емили и нејзината сестра Ана починале со разлика од само пет месеци помеѓу 1848 и 1849 година, па затоа нивната сестра нарачала оригинална белгзија направена од нивната коса. Историското парче е украсено со златна тока. Белегзијата е во сопственост на Музејот на ректоратот Бронте од 1923 година.
Марго Роби за премиерата добила реплика од истата белегзија изработена од „Вајдин Вивинг“. А нејзиниот фустан, направен од проѕирен свилен шифон со корсет и испреплетени сини плетенки, бил инспириран од „накитот за жалост“. Околу вратот носела плетен ѓердан во склад на белегзијата.
Обожавателите и светските медиуми не престануваат за зборуваат за фантастичниот изглед на Марго. Покрај стајлингот и изгледот на убавата актерка, главна тема е и односот помеѓу актерката и нејзиниот колега, атрактивниот Џејкоб Елорди.
Била дождлива вечер во Лондон на премиерата, а хемијата на Елорди и Роби надвор од екранот не престанува да се зборува, па видеото се прошири многу брзо на кое младиот актер трча покрај својата колешка, држејќи ги рацете над нејзината глава за да не се намокри, што сите веднаш го забележаа како вистински џентлменски потег.

ФОТО | Чевлите на Марго Роби од 945 долари го урнаа интернетот: „Ова изгледа болно, тортура!“
ВИДЕО | „Кутар тој“: Сите го жалат сопругот на Марго Роби по нејзината изјава


