ФОТО+ВИДЕО | Моќна порака од пистата: Која е манекенката со седа коса која ја отвори ревијата на Шанел?
На последната ревија за висока мода на куќата Шанел (пролет/лето 2026), вниманието не го украдоа само креациите, туку една специфична манекенка. Со својата софистицираност и природна седа коса, Стефани Кавали стана главна тема во модните кругови, докажувајќи дека убавината во педесеттите носи посебна моќ и самосвест.
Препорачано
View this post on Instagram
Стефани е со италијанско потекло, родена во Остија во семејство на Италијанец и мајка од Гвадалупе. Иако денес живее мирно во близина на Њујорк со својот сопруг и ја води својата „винтиџ“ (vintage) продавница „La Garçonne“, нејзиното враќање на пистата е вистински триумф.
Нејзината кариера започнала во 90-тите, но на 38-годишна возраст решила да се повлече.
„Бев во години кога се чувствував престара за класичен модел, а премлада за категоријата ‘зрели модели’. Ми требаше пауза за да си го вратам својот идентитет“, открива Стефани за „Вог“.
Пресвртот се случува во 2020 година, кога на предлог на еден фотограф потпишува за агенција специјализирана за модели над 40 години. Денес, Стефани вели дека токму сега е најдоброто време да се биде модел на 50 години, бидејќи повеќе нема потреба да им угодува на туѓите очекувања.
Дека токму таа ќе ја отвори ревијата на Шанел, дознала директно од дизајнерот Матје Блази. Тој бил толку фасциниран од нејзината појава на претходна соработка, што знаел дека таа мора да биде заштитното лице на високата мода.
Еден од нејзините најпрепознатливи знаци е природната седа коса. Стефани престанала да ја бојадисува за време на пандемијата, потег што се покажал како клучен за нејзиниот нов, автентичен имиџ.
View this post on Instagram
За својот препознатлив изглед, Стефани вели дека е поубава и поздрава од кога било досега. Нејзината дефиниција за убавината денес се крие во чистотата и едноставноста, независно дали станува збор за совршено скроен фустан или за природата што ја опкружува. На прашањето за најважната животна лекција, таа порачува дека животот во педесеттите е прекрасен период во кој сè уште има толку многу работи за откривање и изразување, нагласувајќи дека е важно да се остават зад себе сите кочници од минатото за да се продолжи напред со љубопитност кон иднината.


