Џесика Алба, Дени Рамирез: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

ФОТО | Вака се прославува развод! Џесика Алба во минијатурно бикини страсно го прегрнува новиот дечко

Џесика Алба уживаше во патувањето во Мајами откако официјално се разведе од Кеш Ворен. 44-годишната актерка беше фотографирана на плажа во минијатурно бикини, покажувајќи ја својата завидна фигура, додека страсно го прегрнува својот 11 години помлад дечко, актерот Дени Рамирез, пренесуваат странските медиуми.

И покрај тоа што беа разделени две години, Џесика Алба и Крис Ворен (47) го финализираа разводот дури овој петок. Судските документи поднесени од Ворен, до кои дојде „ТМЗ“, покажуваат дека поранешните сопружници нема да си плаќаат алиментација еден на друг.

Сепак, Ворен ќе добие исплата од 3 милиони долари за да се изедначи поделбата на имотот. Алба ќе ја плати на две рати од по 1,5 милиони долари – едната сега, а другата за една година. Поранешната двојка се венча во 2008 година и имаат три деца заедно: ќерките Онор (17) и Хејвен (14) и синот Хејс (8).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Actress Theatre (@actresstheatre)

Алба, по разводот продолжи понатаму во својот љубовен живот со актерот Дени Рамирез (33). Минатиот месец, таа беше видена како се бакнува со ѕвездата од „Топ Ган: Маверик“ за време на жешкиот одмор во Мексико, а неодамна го прослави и разводот со него прегрнувајќи се и бакнувајќи се на плажа во Мајами.

Во меѓувреме, Ворен беше забележан на состанок со 25-годишната манекенка Хана Сун Доер во август 2025 година. Филмскиот продуцент и неговата многу помлада партнерка се држеа за раце и се прегрнаа додека се упатуваа на вечера во познат ресторан Беверли Хилс.

Џесика Алба и Кеш Ворен официјално се разведоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот