ФОТО | Украина му е поважна од Оскарот: Познато е зошто Шон Пен не бил на доделувањето на наградите
Холивудскиот актер и режисер Шон Пен, кој во неделата освои Оскар за најдобра споредна машка улога за „Една битка по друга“ (One Battle After Another), во понеделникот се појавил во Украина, каде што се сретнал со претседателот Володимир Зеленски во знак на поддршка за земјата разорена од војна, поради што ја пропуштил церемонијата на доделување на Оскарите.
Препорачано
Пен е единствениот номиниран актер кој отсуствуваше на Оскарите. Холивудскиот актер, да потсетиме, ги пропушти наградите САГ и БАФТА претходно оваа година, и покрај тоа што победи.
Како што пишува „Њујорк тајмс“, историјата на солидарност на Пен со Украина датира одамна, а медиумите ја пренесоа неговата изјава кога ја опиша одбраната на земјата од руската инвазија како „врв на копјето за демократска прегратка на соништата“.
– Ако ѝ дозволиме на Украина да се бори сама, душата на Америка е изгубена – рекол Шон Пен во тоа време.
Репортер на АФП го видел Шон Пен како излегува од црн автомобил во центарот на Киев порано во понеделникот, носејќи очила за сонце и кутија цигари.
Пен, кој е гласен застапник на Украина кој ја посети земјата неколкупати, го освои својот трет актерски Оскар во неделата, но не присуствуваше на церемонијата.
– Можеме да кажеме дека е во Украина, но тоа е негова лична посета; тој тоа го гледа така што треба да биде во Украина – изјавил за АФП висок украински функционер, додавајќи: „Тој само сака да ја поддржи Украина“.
Друг извор за АФП рекол дека актерот „планира да оди на фронтот“ во источна Украина.
Пен, кој е ко-режисер на документарецот за Зеленски од 2023 година, имал средба со украинскиот претседател во понеделникот.
– Шон, благодарение на тебе, знаеме што е вистински пријател на Украина. Ти стоеше покрај Украина од првиот ден од војната. Тоа и денес е така – напишал Зеленски на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од нив двајцата како седат во претседателскиот кабинет.
Во интервјуто за АФП во февруари, Зеленски го навел филмот „Една битка по друга“, во кој Пен глуми, меѓу филмовите што ги гледал неодамна и рекол дека „му се допаднал“.
За потсетување, Пен му позајми на украинскиот лидер Володимир Зеленски еден од своите Оскари, велејќи дека наградата ќе остане во Киев сè додека Украина не победи во војната.
Една година подоцна, тој рече дека размислува да ги претопи своите две статуетки за да ги користи како муниција за Украина, а го сними и документарецот „Супермоќ“ (Superpower) за руската инвазија.
ФОТО | Шон Пен сочно ја бакнува 20 години помладата девојка Олга
ФОТО+ВИДЕО | Шон Пен му го подари својот Оскар на Володимир Зеленски
ВИДЕО | Вака Зеленски се шегуваше на сметка на Путин пред две децении


