ФОТО | Шон Пен сочно ја бакнува 20 години помладата девојка Олга

Холивудскиот актер Шон Пен, ужива во времето поминато со својата 20 години помлада девојка Олга Коротјајева на романтично патување во Италија, пренесува „Пејџ Сикс“.
Новиот пар не успеа да се воздржи, па на улиците во Рим беа забележани како уживаат разменувајќи бакнежи и прегратки.

Олга не се оддели од 63 годишниот актер, додека беа на шопинг во луксузните продавници на „Булгари“ и „Тифани“.

Двајцата избраа лежерни, опуштени комбинации – Шон Пен носеше фармерки и црна, памучна маичка и спортска капа, додека Олга се одлучи за фармерки, бела спортска маица и црна чанта.
Пред помалку од една недела новиот љубовен пар беше забележан како го поминуваат времето на романтична вечера во Малибу, Калифорнија, а со ова патување во Италија ја потврдија својата љубов. Сè уште не се знае кога ја започнале својата романса, ниту колку долго се познаваат.

Инаку, Олга е актерка и најпозната е по улогите во филмовите „Le bonheur“ од 2013 година, „Banking District“ од 2017 година и „Blast“ од 2021 година.