Фото: Скриншот, Твитер

ВИДЕО | Вака Зеленски се шегуваше на сметка на Путин пред две децении

Стара снимка на актуелниот украински претседател, а поранешен актер, Володомир Зеленски е вистински хит на социјалните мрежи. Имено, на снимката тој стои на сцената и се шегува на сметка на рускиот претседател Владимир Путин, кој, пак, седи во публиката.

Бидејќи многумина на социјалните мрежи не ја разбрале шегата, рускиот новинар Слава Маламуд се обидел да го објасни контекстот. Како што објаснува тој, за време на деведесеттите имало наезда на верижни писма во Русија, а луѓето верувале дека таквото писмо ќе им донесе среќа само ако го препратат на други девет адреси.

„Путин неодамна добил писмо на кое пишува ‘преброј го своето население девет пати и ќе бидеш среќен’“, се пошегувал Зеленски.

Маламуд вели дека Зеленски со ова сакал да го „чепне“ Путин за тогашниот пад на бројот на населението во Русија, но и да имплицира дека Путин ќе остане на власт засекогаш.

Сепак, автентичноста на видеото сѐ уште не е потврдена, односно не е сигурно дека Путин седел во публиката додека Зеленски ја раскажал својата шега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот