ФОТО: Трајковски со бронза на Балканското првенство за сениори во сала

Андреас Трајковски третопласиран во дисциплината скок во далечина/Фото: Атлетска федерација на Македонија

На Балканското првенство во атлетика за сениори во сала кое се одржува во Истанбул, Турција, македонскиот натпреварувач Андреас Трајковски во дисциплината скок во далечина го освои бронзениот медал.

Со прескокнати 7 метри и 62 сантиметри Трајковски успеа да дојде до третото место.

Сребрениот медал му припадна на Марко Чеко од Хрватска со скок од 7,71 метри, додека златото го освои Измир Смајлај од Албанија со скок од 7.79 метри.

Учество земаат 22 држави членки на Балканската федерација со преку 350 атлетичари.

На Балканското првенство треба да настапат уште двајца наши атлетичари, Јован Стојоски во дисциплината 400 метри, како и Дарио Ивановски во дисциплината 3000 метри.

Македонскиот атлетичар со бронзата во Истанбул/Фото: facebook/Andreas Trajkovski

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот