ФОТО | Топмоделката непрепознатлива на првата насловна страница на „Вог“ по разводот
Бразилската манекенка и топмодел Жизел Бундшен, изгледа непрепознатливо на првата насловна страница на „Вог“, по разводот од поранешниот сопруг Том Брејди.
View this post on Instagram
Со коса обоено во интензивна црвена боја и изразито тенки веѓи, Жизел се појави на мартовското издание на италијанскиот „Вог“. Модното списание, покрај насловната, објави уште пет импресивни фотографии, кои ги направи бразилскиот фотограф, Рафаел Павароти. Фотографиите имаат за цел да ја трансформираат природната убавина на Жизел во непрепознатливо издание, покажувајќи ја нејзината неверојатна универзална убавина.
View this post on Instagram
Жизел во својата повеќедецениска модна кариера досега има 142 интернационални насловни страници на „Вог“.
View this post on Instagram
За последната насловна страница на италинаскиот „Вог“, Жизел изгледа како статуа во црвен фустан на „Валентино“, нејзината златна долга коса овој пат скриена под залижана црвена фризура, црвен кармин и црна сенка за очи. Потсетувајќи на модните трендови во 90-тите, веѓите ѝ се тенки, исцртани со црвен молив. Црвениот фустан на „Валентино“, со корсет и широки ракави од проѕирен материјал, и големи дијамантски обетки, го комплетираат нејзиниот елегантен, гламурозен изглед.
View this post on Instagram
Инаку, Жизел само неколку месеци по разводот од Том Брејди, таа реши да се врати на модната сцена, позирајќи за последната кампања на „Луј Витон“ во јануари.
View this post on Instagram
ФОТО | Никогаш поубава: Прво појавување на Жизел Бундшен по разводот со Том Брејди
„Беше болно и тешко“: Жизел Бундшен и Том Брејди се разведоа