„Беше болно и тешко“: Жизел Бундшен и Том Брејди се разведоа

Жизел Бундшен и Том Брејди
Жизел Бундшен и Том Брејди на Мет гала во 2019 година / Фото: Profimedia

Бразилската манекенка Жизел Бундешен и американскиот рагбист Том Брејди ставија крај на нивниот брак.

Оваа вест ја потврди самиот Брејди на својот инстаграм-профил.

„Во последните неколку денови, јас и мојата сопруга го финализиравме разводот по 13 години брак. Ние спогодбено дојдовме до оваа одлука и сме благодарни за времето кое го поминавме заедно. Ние сме благословени со прекрасни деца кои ќе продолжат да бидат во центарот на нашите животи. Ние ќе продолжиме да работиме заедно како родители и ќе се потрудиме да ги добијат љубовта и вниманието кои ги заслужуваат.

Ние дојдовме до оваа одлука по долго размислување.

Тоа е, се разбира, болно и тешко, но не сме единствените кои поминале низ нешто такво. Како и да е, ние си посакуваме сѐ најдобро.

Љубезно ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност во периодот што следи. Благодарам“, напиша Брејди.

Фото: Скриншот/Инстаграм/Том Брејди

Разделбата на Бундшен и Брејди беше вистинско изненадување за јавноста. Убавата Бразилка му поставила ултиматум на рагбистот, но, очигледно, тој не се согласил со нејзините барања.

Имено, Бундшен го замолила Брејди да се откаже од рагбито, сѐ со цел тој да поминува повеќе време со неа и со децата. Доколку не го исполни тоа, таа му рекла дека ќе го напушти засекогаш, пишува „Ју-ес викли“.

Како потсетување, Бундшен и Брејди се венчаа во Санта Моника, Калифорнија, на 26 февруари 2009 година. Тие се родители на 12-годишниот син Бенџамин и 9-годишната ќерка Вивијан, а Брејди го има и 15-годишниот син Џек со поранешната партнерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот