ФОТО | Никогаш поубава: Прво појавување на Жизел Бундшен по разводот со Том Брејди

Жизел Бундшен на црвениот тепих пред свечената вечера во организација на бразилскиот бренд за накит „Вивара“ / 12 декември 2022 / Фото: Profimedia

Бразилската манекенка Жизел Бундшен блесна на црвениот тепих пред свечената вечера во организација на бразилскиот бренд за накит „Вивара“.

Таа се појави во прекрасна златна тоалета, која ја искомбинира со златни потпетици и златна ташничка.

Жизел Бундшен / 12 декември 2022 / Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Ова е нејзино прво јавно појавување по разделбата со рагбистот Том Брејди, со кого официјално се разведе пред два месеци.

„Во последните неколку денови, јас и мојата сопруга го финализиравме разводот по 13 години брак. Ние спогодбено дојдовме до оваа одлука и сме благодарни за времето кое го поминавме заедно. Ние сме благословени со прекрасни деца кои ќе продолжат да бидат во центарот на нашите животи. Ние ќе продолжиме да работиме заедно како родители и ќе се потрудиме да ги добијат љубовта и вниманието кои ги заслужуваат“, напиша Брејди непосредно по разводот.

Како потсетување, Бундшен и Брејди се венчаа во Санта Моника, Калифорнија, на 26 февруари 2009 година. Тие се родители на 12-годишниот син Бенџамин и 9-годишната ќерка Вивијан, а Брејди го има и 15-годишниот син Џек со поранешната партнерка.

Том Брејди и Жизел Бундешен / Фото: EPA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот