Крај на љубовта: Жизел Бундшен и Том Брејди се разведуваат

Том Брејди и Жизел Бундешен / Фото: EPA

Бразилската манекенка Жизел Бундешен и американскиот рагбист Том Брејди се разведуваат, објавија американските медиуми. Како што се шпекулираше досега, славната двојка живее одвоено веќе неколку месеци, но се чини дека не успеале да најдат решение за проблемите во нивниот однос.

„Никогаш не мислев дека оваа кавга ќе биде причина за крај на нивниот брак, но изгледа дека е така. Мислам дека сега нема да има враќање назад. И двајцата имаат адвокати и веќе ги разгледуваат сите аспекти од оваа разделба, кој што ќе добие и како ќе ги поделат финансиите“, сподели близок извор до парот за „Пејџ сикс“.

Брејди зборуваше за проблемите во бракот уште во 2020 година. Тогаш, тој сподели дека Жизел не била задоволна од нивниот брак и дека не била задоволна од тоа колку внимание посветувал на рагбито и деловните зделки, додека таа е оставена да се грижи за децата.

Бундшен и Брејди се венчаа во Санта Моника, Калифорнија, на 26 февруари 2009 година. Тие се родители на 12-годишниот син Бенџамин и 9-годишната ќерка Вивијан, а Брејди го има и 15-годишниот син Џек со поранешната партнерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот