Алекса, Николина и Вера Балашевиќ - Фото: Инстаграм/АлексаБалашевиќ

ФОТО | Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса, чека наследник: „Благодарение на оваа личност, мојата лоза продолжува“

Алекса Балашевиќ, син на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, на Инстаграм објави емотивна порака посветена на сопругата Николина. Покрај фотографија направена на улиците во Шангај, тој напиша текст полн со емоции со кој најпрво навести, а потоа и директно потврди дека нивното семејство ќе се прошири.

„Некои луѓе до крајот на животот остануваат само луѓе, а некои доживуваат да станат нечиј завет. Завет без кој некому ни Стариот ни Новиот завет не му значат ништо. Благодарение на оваа личност од фотографијата, мојата лоза продолжува, не сум повеќе Омега … За приближно два месеци ни пристигнува син … Братчето на Вера, кое долго го чекаме … Колку само може да биде неопислива среќата за некој како мене, Бог да испрати уште еден ангел со моите гени … Би го разбрал и да штеди, но не се бунам што ме задолжува уште повеќе … Со мирис на небо … Со тебе, со вас … Како што би рекол некој мој најголем, некој наш најдобар, исто така од небото, не сум веќе в.д. Балашевиќ, сега сум Балашевиќ во оставка, за неколку месеци мандатот му го предавам на наследникот“, напиша Алекса.

Николина Балашевиќ – Фото: Инстаграм/АлексаБалашевиќ

Нивната ќерка Вера, родена во август 2022 година, со нетрпение го очекува малиот брат. Следбениците веднаш ја преплавија објавата со честитки и убави зборови, нагласувајќи дека и Ѓорѓе сигурно би бил неизмерно горд.

Оваа радосна вест доаѓа во период на значајни професионални успеси за Алекса. Неговиот дебитантски филм „Мегдан: Меѓу вода и оган“, каде што се потпишува како сценарист и продуцент, доживеа одличен прием во регионалните кина кон крајот на 2024 година, а подоцна стана достапен и на стриминг платформите како Ејч-би-о и Амазаон.

И покрај професионалниот ангажман, Алекса често истакнува дека семејството и духовните вредности му се на прво место. Со Николина и ќерката Вера живее на релација Нови Сад – Марибор, а на социјалните мрежи редовно споделува моменти од приватниот живот.

Очигледно, за семејството Балашевиќ ова е период исполнет со успех, љубов и нова радост, а наскоро и со уште еден мал наследник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот