ФОТО | Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит е копија на славниот актер
Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, седумнаесетгодишниот Нокс, привлече големо внимание на свеченоста по повод дипломирањето на неговата сестра Захара. Британските медиуми веднаш забележаа колку тинејџерот наликува на својот славен татко, со кого семејството веќе со години нема контакт. „Дејли мејл“ дури напиша дека е „плукнат татко му“.
Препорачано
Angelina Jolie’s son Knox, 17, looks spitting image of estranged dad Brad Pitt at sister Zahara’s graduation https://t.co/7ooe2rVqfY
— Daily Mail (@DailyMail) May 18, 2026
Познатата актерка, која има педесет години, блескала од гордост во друштво на Нокс и постарите синови Пакс и Медокс на универзитетот „Спелман“ во Атланта. Како што и се очекуваше, Бред Пит не се појавил на настанот, а славеничката Захара се погрижила неговото име воопшто да не биде спомнато за време на церемонијата.
Нокс за оваа пригода избрал елегантен сив костум, но најголемо внимание привлекла неговата нова фризура. Темната коса ја освежил со светли прамени, поради што многумина веднаш се потсетија на изгледот што Бред Пит го прослави на почетокот на двеилјадитите години.
Нокс е роден за време на дванаесетгодишната врска на Анџелина Џоли и Бред Пит, која бурно заврши во 2016 година. Поранешниот пар ги има и сестрата близначка на Нокс, Вивиен, како и деветнаесетгодишната Шајло.
За време на самото доделување на дипломите следувал уште еден јавен удар за Пит. Кога Захара била повикана да ја прими дипломата, нејзиното име било прочитано како Захара Марли Џоли, со што официјално било изоставено презимето Пит, кое претходно го користела заедно со презимето на мајка ѝ.
Захара, која поранешната двојка ја посвоила во 2005 година, била снимена како гордо чекори по сцената на овој историски приватен женски колеџ во Атланта.
Овој потег доаѓа само две седмици откако Анџелина Џоли извојува значајна правна победа против Бред Пит во нивниот долгогодишен спор околу француската винарија „Шато Миравал“, проценета на 184 милиони долари.
Инаку, ова не е првпат Захара јавно да се откаже од презимето на својот татко. Таа тоа првпат го направила уште кон крајот на 2023 година, за време на приемот во студентското сестринство „Алфа Капа Алфа“.


