Бадникова паричка - Фото: Инстаграм

ФОТО | Симбол за здравје, среќа и бериќет: Паричката од бадниковото лепче донесе радост кај многу познати Македонци

Кршењето на бадниковото лепче со паричка е една од најубавите и најдлабоко вкоренети традиции кај нас. Овој обичај, кој се пренесува од генерација на генерација, симболизира здравје, среќа, бериќет и успешна година за оној кому ќе му се „падне паричката“. Според народниот адет, среќникот што ќе ја пронајде паричката може да очекува благосостојба, радост и убави моменти во текот на целата година.

И годинава, бадниковата магија не ги заобиколи ниту познатите личности. Паричката им донесе насмевки и радост на многумина од јавната сцена, кои со гордост ги споделија своите среќни моменти на социјалните мрежи. Меѓу нив се и Слаткаристика, Весна Петрушевска и Ноне Неделковска и многу други, кои според адетот, оваа година ќе ги следи среќа и позитивна енергија.

Во продолжение, погледнете дел од фотографиите што ги овековечија овие топли и радосни бадникови моменти, исполнети со љубов, топлина и надеж за уште поубава година.

Тамара Тодевска

Тамара Тодевска – Фото: Инстаграм

Кристина Арнаудова

Кристина Арнаудова – Фото: Инстаграм

Весна Петрушевска

Весна Петрушевска – Фото: Инстаграм

Миа Костова

Миа Костова- Фото: Инстаграм

Ноне Неделковска

Нона Неделковска – Фото: Инстаграм

Емакулате Вендера

Емакулате – Фото: Инстаграм

Елена Најдоски

Елена Најдски – Фото: Инстаграм

Емра Куртишова

Емра – Фото: Инстаграм

Ксенија Николова

Ксенија Николова – Фото: Инстаграм

Таско

Таско – Фото: Инстаграм

Марко Маринковиќ – Слаткар

Марко Маринковиќ – Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот