ФОТО | Го откачила: Која е единствената Србинка која Роналдо ја следи на Инстаграм

Фото: Инстаграм

Меѓу оние кои на Инстаграм ги следи светскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо, се наоѓа и една Србинка. Кога на таа листа на неговиот профил ќе го прочитате името Ивана Мацановиќ, мора да се запрашате која е оваа девојка.

Познавачите на спортот веќе одлично ја знаат. А погледот на нејзиниот профил открива дека има околу 135.000 следбеници и дека нејзината страница на Инстаграм е мешавина од фотографии од спорт, тренинзи и патувања и провокативни фотографии. И Роналдо е меѓу оние кои ги „лајкуваат“ нејзините објави на Инстаграм.


Ивана Мацановиќ е родена на 26 август 1997 година во Бања Лука. Таа почнала да тренира атлетика во 2009 година.

Мацановиќ е повеќекратна шампионка и рекордерка на РС и БиХ. Таа триумфираше на првенството на БиХ во сала во трката на 60 метри, на јуниорското првенство на БиХ во трките на 100 метри, 200 метри и 400 метри, штафетата на 4х100 метри и 4х400 метри и на јуниорското првенство на БиХ во дисциплините 100 и 200 метри, пишуваше за нејзините успеси „Независне новине“. Ивана настапува за АК Бања Лука, се натпреварувала на 60, 100, 200 и 400 метри, а работи и како фитнес-инструкторка.


Пред две години на големо беше објавена веста дека атлетичарката ја запросил манекенот и поранешен учесник на реалното шоу „Survivor“, Никола Шоц.

А за тоа како Роналдо ја заследил на Инстаграм во 2016 година, Ивана Мацановиќ во интервју за „Дневни аваз“ го рекла следново: „На еден натпревар во Загреб запознав многу атлетичари, а еден од нив беше Асафа Пауел, со кој сите се дружевме на патеката и се фотографиравме. Јас фотографијата ја ставив на Инстаграм, а претпоставувам дека Асафа е пријател на Роналдо, кој веројатно му рекол на Роналдо за мене. Можно е на Асафа да му се допаднав, па така и започна сѐ.

Таа веднаш не го видела „барањето за следење“ на Роналдо, а бројот на нејзините следбеници одеднаш скокнал. Ивана открила дека кратко биле и во контакт, но тоа брзо завршило.

„Се разбира, бев изненадена бидејќи не можев да разберам зошто токму јас, од толку многу девојки на планетата. Јас уште тогаш ставив до знаење дека имам момче и тоа е целата приказна“.

Можен ли е сензационален камбек? Роналдо тренира во тренинг комплексот на Реал Мадрид

ВИДЕО | Роналдо и Пирс Морган зборуваат за Сити, Руни, Невил, критики за младите фудбалери…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот