Можен ли е сензационален камбек? Роналдо тренира во тренинг комплексот на Реал Мадрид

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Кристијано Роналдо веќе ја остави зад себе разочарувачката мундијалска епизода и следниот предизвик на Португалецот е да пронајде нов клуб.

Роналдо непосредно пред настапот со Португалија на Светското првенство го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и сега е слободен агент. Интересно е што Роналдо се подготвува не било каде, туку во тренинг комплексот Валдебебас на Реал Мадрид.

Како што објавија шпанските медиуми Роналдо тренира сам и работи на својата физичка подготвеност, на користење ги има сите делови од тренинг комплексот. Роналдо сам побарал таму да се подготвува, а Флорентино Перез без проблеми му дал одобрение.

Тешко е да се поверува дека Реал Мадрид ќе го врати Роналдо во составот, такво нешто во овој момент не е опција. Сепак, треба да се знае и дека Бензема сезонава се мачи со повреда и целиот товар во нападот на Реал е врз младите Родриго и Винисиус.

Меѓутоа и да се случи Реал да го ангажира Роналдо тоа сигурно ќе биде за плата далеку пониска од онаа што ја имаше пред неколку години тука, а освен тоа сигурно дека и улогата на теренот би му била многу помалку важна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот