Официјално: Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер јунајтед

Заврши љубовта меѓу Кристијано Роналдо и „црвените ѓаволи“/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Денеска Манчестер јунајтед ја информираше јавноста дека Кристијано Роналдо ќе си замине од англискиот клуб.

Португалецот имаше важечки договор со „црвените ѓаволи“ до 30 јуни 2023 година, но истиот одлучи спогодбено да го раскине.

Англичаните му се заблагодаруваат за неговиот огромен придонес во двата периоди (2003-2009 и 2021-2022) на „Олд Трафорд“.

– Сите во Манчестер јунајтед остануваат фокусирани на продолжување на напредокот на тимот под водство на Ерик тен Хаг и да работат заедно за да постигнеме успех на теренот – информираат од клубот.

Роналдо севкупно за „црвените ѓаволи“ имаше 145 голови во 346 настапи. Моментно е со португалската репрезентација за настапот на Светското првенство во Катар.

Доста реакции предизвика интервјуто кое го имаше Роналдо со Пирс Морган во кое призна дека клубот го изневери, дека не е почитуван од Јунајтед и дека остана на истото ниво како пред 20 години, кога за првпат дојде од Спортинг.

ВИДЕО | Роналдо: Се чувствувам изневерено, Тен Хаг не е единствениот кој сака да си заминам

Кристијано Роналдо со нови обвиненија: Тен Хаг ме провоцираше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот