ВИДЕО | Роналдо: Се чувствувам изневерено, Тен Хаг не е единствениот кој сака да си заминам

Кристијано Роналдо ја откри целата вистина околу неговата ситуација на „Олд Трафорд“/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Нема повеќе среќа на „Олд Трафорд“ ниту за таква легенда како што е Кристијано Роналдо. Сега е јасно дека Португалецот ќе се раздели со горчливите емоции од клубот за кој мислеше дека е неговиот „втор дом“, место каде што бил сакан и секогаш прифатен.

Но, ситуацијата денес е таква што Роналдо јавно го прозва Манчестер јунајтед дека го изневерил и дека проблемот не е само менаџерот на екипата, Ерик тен Хаг. Дека има луѓе кои сакаат тој да си замине од клубот.

– Чувствувам дека Манчестер Јунајтед ме изневери – изјави Роналдо во интервјуто за Пирс Морган, за новото издание на „Сан“.

Меѓу другото, Роналдо рече дека „не покажале емпатија кон неговата болна ќерка“ и „од него направиле црна овца“. Англискиот таблоид во понеделник ќе го објави комплетното интервју и голема ексклузива. Во разговорот Роналдо откри и дека знаел дека е вишок за клубот и дека сакале да го избркаат.

– Манчестер јунајтед сакаше да ме натера да си одам. Тоа не го направи само менаџерот, туку и некои други луѓе околу клубот. Се чувствував изневерено. Чувствував дека некои луѓе не ме сакаат во клубот, не само оваа, туку и минатата сезона – вели Роналдо.

Португалскиот репрезентативец имаше што да каже за менаџерот со кој практично падна во стапица и стана резервен играч.

– Немам почит кон Ерик Тен Хаг бидејќи тој не ме почитува… Значи, толку е едноставно – Роналдо е директен и без влакна на лицето додека зборува за својот веројатно најтешкиот момент во кариерата.

Не беше во составот на Манчестер јунајтед против Фулам во рамките од Премиер лигата, поради, како што се наведува, болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот