ФОТО | Северина покажа како го украсила својот дом за Божиќ: Еден детаљ ги топи срцата
Северина на својот Инстаграм профил покажа како го украсила својот дом за Божиќ. Споделила кратки видеа со музичка подлога од божиќна сцена и елка со раскошни украси, а еден детаљ привлекол внимание.
Препорачано
Под елката поставила разни новогодишни украси, а на една фотографија покажала плишано мече кое го ставила под борот. Мечето носи маица со фотографија од Северина и нејзиниот син Александар, а трогателниот детал ги допре срцата на обожавателите.
За потсетување, Северина неодамна објави нова песна „Тако ти је, сине мој“, која ја посвети на својот син. „Станува збор за лекција што една мајка му ја кажува на своето дете. Почнав да ја пишувам на почетокот на годината, за да ја истресам тагата и гневот што ме обзеде по таа одлука на Врховниот суд, во која рекоа дека моето дете треба да биде одземено поради процедурална грешка“, напиша таа на Инстаграм.
„Тогаш таа ми изгледаше тажна, а тоа не ми донесе ништо, па ја оставив на страна. Неодамна ѝ се вратив, го променивме аранжманот и ја завршив инспирирана од убавата и храбра младина во Србија, која се бори за правда и не сака да си ја продаде честа, а која беше поддржана и од студентските колеги во Хрватска“, објасни таа, мислејќи на повеќенеделните студентски протести за смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


