ФОТО | Роберто Кавали (80) не жали пари за 47 години помладата девојка: За нејзиниот роденден тој ѝ подарил остров!

Фото: Профимедиа

Поради огромната разлика во годините, сите им предвидуваа крај на врската. Лина ја нарекоа спонзоруша бидејќи е во врска со Роберто Кавали кој според годините може да и биде дедо. Меѓутоа, нивната врска им одолеа на злобните коментари. Славниот италијански моден дизајнер Роберто Кавали (80) покрај импресивната модна кариера, има и богат љубовен живот. Тој се женеше двапати досега и доби вкупно пет деца.

Фото: Профимедиа

Иако навлезе во деветтата деценија од животот, тој ужива во романсата со 47 години помладата избраничка, Лина Нилсон. Модниот могул, чие богатство се проценува на 500 милиони долари, се впушти во врската со Лина во 2018 година. Парот често одмара на луксузните дестинации, пловејќи со јахта, а нивните заеднички и страствени моменти папараците редовно ги забележуваат.

Фото: Профимедиа

Роберто на својата љубена често ѝ подарува луксузни подароци, а неодамна се пишуваше и дека тој ѝ купил приватен остров во нејзината родна Шведска, за кој издвоил 2,22 милиони фунти. На островот има четирисобна вила, колиба за лов, базен и остатоци од викиншки пештери, како и терен за голф. Славниот дизајнер претходно имаше проблеми со одењето поради повредата на коленото, а Лина секогаш беше покрај него да му помогне.

Фото: Профимедиа

Се шушкаше и дека парот ќе го изговори судбоносното „да“, но тоа сè уште не се случило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот