ФОТО: Реакцијата на Пени од „Бубалици“ откако таа не доби Златен глобус е вистински хит

Фото: Инстаграм

Кајли Куоко ги насмеа своите следбеници откако не освои Златен глобус за улогата во серијата „Стјуардеса“.

Актерката позираше на подот, облечена во раскошен фустан, јадејќи пица. „Би сакала да се заблагодарам… Ма, всушност неважно“, напиша таа во описот и насмеа стотина илјади обожаатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaley Cuoco (@kaleycuoco)

„Икона“, „Најдобра секогаш“, „Буквално си најдобра“, и пишуваа колегите ѕвезди од серијата „Бубалици“ во коментарите. Кајли доделувањето го следеше во бајковит фустан со потписот на Оскар де ла Рента.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaley Cuoco (@kaleycuoco)


Кетрин О’Хара од серијата „Schitt’s Creek“ го освои Златниот глобус во категоријата најдобра актерка во телевизиската серија од жанрот комедија или мјузикл во кој беше номинирана и Кајли.

Оваа година, со оглед на пандемијата на коронавирусот, 78-то по ред доделување на наградите беше одржано главно виртуелно, а ко-домаќинките на свеченоста, Тина Феј и Ејми Полар, доделувањето на Златните глобуси го водеа од две локации, едната од Њујорк, а другата од Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот