ФОТО | Расплаканиот принц Чарлс: Доказ дека за смртта на родителите никогаш не можете да бидете подготвени

Фото: Профимедиа

Целата јавност во светот со големо внимание ги следи случувањата кои му претходат на погребот на принцот Филип…

Вчера принцот Чарлс (72) за првпат е виден во јавноста од смртта на неговиот татко, принцот Филип (99). Чарлс во друштво на сопругата Камила, прошета во близина на палатата и ги разгледуваше оставените пораки и подароци од народот во чест на неговиот татко.

72-годишниот принц не можеше да ги сокрие солзите додека ги читаше трогателните пораки, додека гледаше во оставените букети, писма и цртежи, па дури и воени автомобили кои беа наменети за неговиот татко.

Фото: Профимедиа

И додека многумина погодуваат дали сега е моментот кога кралицата Елизабета ќе му го препушти тронот на својот син, тоа изгледа воопшто не допира до принцот Чарлс. Тој не ја крие својата тага, а неговите солзи се чист доказ дека за смртта на родителите никогаш не можеш да бидеш подготвен, дури и доколку тие доживеат 99 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот