Северина и синот Александар / Фото: Инстаграм/Северина

ФОТО | По забраната од судот, Северина по долго време го покажа лицето на синот Александар: „Мојот прекрасен ангел“

Хрватската музичка ѕвезда Северина Вучковиќ објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа лицето на нејзиниот син Александар по неколку години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Двајцата позираа насмеани, а таа напиша: „Мој прекрасен ангел“, по што следеа бројни коментари.

„Конечно, мајката може да објави слика со својот син без да му го покрие лицето. Ти си голем, Господе! Нема посилна сила од мајчината љубов“, „Убав, паметен и љубезен кон мама“, „Тоа, Севе! Продолжи храбро“, се некои од нив.

Како што е познато, поранешниот сопруг на Северина, Милан Поповиќ, претходно побара судот да ѝ забрани да го објавува лицето на Александар на социјалните мрежи.

Таа досега ја почитуваше забраната и споделуваше фотографии на кои лицето на момчето беше „замаглено“. Многумина сметаа дека е тажно што била принудена да го стори ова. Во 2022 година, таа беше на одмор со Александар во Врник и напиша:

„На Гугл можете да го видите министерот Божиновиќ како гордо позира со својата внука, и премиерот Пленковиќ со своите деца во Ватикан, претседателот Милановиќ со своите деца. Можат, немаат социјална служба Максимир која вели дека е штетно за децата, но ако јас им наштетам на децата, тогаш и тие и сите што објавуваат деца им наштетуваат?! А мене ми е забрането да бидам горда на мојот син. Таткото се обидуваше на секој начин да ме спречи да бидам мајка, дури и со забрана за фотографирање. Исти закони за сите, не само за нив! Поздрав.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот