ФОТО | По 100 дена на интензивна нега: Ќеркичката во рацете на Пријанка Чопра и Ник Џонас

Пријанка Чопра, Ник Џонас, Фото: Instagram

Поранешната Мис на светот и популарна актерка Пријанка Чопра (39) и музичарот Ник Џонас (29) станаа родители на почетокот на годината. Откако потврдија дека станaa родители, се немаат огласено во јавноста бидејќи нивното бебенце веќе водело тешка битка на почетокот од животот.

Изненадување: Ник Џонас и Пријанка Чопра станаа родители преку сурогат

Со месеци се шпекулираше дека парот се разведува, но сето тоа време тие го подготвувале својот дом за доаѓањето на новороденчето, откако сурогат го носеше нивното прво дете. Пријанка и Ник не сакаа да споделат повеќе детали, но името што го избраа за нивното девојче – Малти Мари стигна до медиумите. Според американските медиуми, Малти е име со индиско потекло и има две значења: „месечева светлина“ и „мал, миризлив цвет“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)

Парот сега конечно го покажа новороденчето, а открија и дека Малти поминала повеќе од три месеци на интензивна нега. Тие споделија фотографија од бебето како ужива во рацете на мама додека тато ја гледа, со опис:

– По повеќе од 100 дена поминати на одделението за интензивна нега, нашето девојче конечно пристигна дома.

Парот истакнал дека секое семејство има уникатен пат и дека им треба одредено ниво на верба, а признале и дека нивниот пат бил „предизвикувачки“, како и дека сфатиле колку е скапоцен секој момент.

-Пресреќни сме што нашето девојче конечно е дома – напишале тие и им се заблагодариле на лекарите за сè што направиле за нив.

epa-efe
фото: EPA-EFE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот