Изненадување: Ник Џонас и Пријанка Чопра станаа родители преку сурогат

ник џонас пријанка чопра
Фото: Принтскрин / Instagram

Изненадување – Ник Џонас и Пријанка Чопра се родители!

29-годишниот пејачк дел од триото „Jonas Brothers“ и 39-годишната актерка од „Matrix Resurrections“ ја објавија неочекуваната радосна вест на нивните профили на Инстаграм, весело изненадувајќи ги своите фанови и следбеници.

„Пресреќни сме што можеме да потврдиме дека родивме бебе преку сурогат. Со почит бараме приватност во ова посебно време додека се фокусираме на нашето семејство. Ви благодариме многу“, споделија и двајцата во објави на нивните страници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nick Jonas (@nickjonas)

Ник самиот искоментира прв на својата објава, тагнувајќи ја неговата сопруга Пријанка и додавајќи емотикон срце до нејиниот таг.

Оваа вест особено ги израдува фановите по вознемирувачките гласини дека двојката всушност можеби е во фаза на развод откако Пријанка го избриша презимето на нејзиниот сопруг Џонас од нејзиниот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nick Jonas (@nickjonas)

Постариот брат на Ник, Џо Џонас, остави емотикони со срце во делот за коментари на двете објави. Истото го направи и брат му Кевин.

Ник и Пријанка првпат ја започнаа врската во мај 2018 година, а се верија само три месеци подоцна. Двојката се венча во декември 2018 година и ова е нивното прво заедничко дете.

Ник е третиот и последен член на браќата Џонас што стана татко. Неговиот брат Кевин е татко на седумгодишната ќерка Алена и петгодишната ќерка Валентина. Неговиот брат Џо е таткото, едногодишната ќерка Вила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)

По објавата следеа и нови детали – Ник и Пријанка дочекаа девојче, и бебето е родено во сабота на 15 јануари во болница во Јужна Калифорнија.

Само еден ден пред породувањето, Ник и Пријанка биле забележани како ги шетаат своите кучиња на плажата во Дел Мар, која е во близина на Сан Диего.

Името на девојчето засега не е познато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)

Пред само неколку месеци Пријанка всушност сподели шега на темата за време на епизодата „The Jonas Brothers Roast“, кој сега повторно се појави во јавноста, бидејќи се чини дека во основа ги навести новостите за бебето без никој да сфати.

За време на делот од „печењето“  од страна на Пријанка, таа коментираше како таа и Ник се единствените без деца.

„Ако не знаете, ние сме единствениот пар кој сè уште нема деца. Затоа сум возбудена што ја објавувам оваа објава. Извини душо. Ник и јас очекуваме… да се напиеме вечерва и да спиеме утре!“, изјави Пријанка на настапот.

Камерата се сврте кон Ник и го покажа во нервозно издание поради тоа што го зборува Пријанка. Сега знаеме дека тој веројатно бил нервозен што таа навистина ќе ги пренесе вестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот