ФОТО: Племе во кое жените не се капат и со косата го покажуваат брачниот статус

Фото: Профимедиа

Во племето Химба, кое сè уште му одолева на модерниот живот, телата ги фарбаат со црвена боја за да се заштитат од сонцето, а брачниот статус го покажуваат со фризурите украсени со глина.

Скриено во Северна Намибија, домородското племе Химба продолжува да и се спротивставува на туристичката индустрија, и покрај тоа што тоа ги фасцинира патниците од целиот свет.

Популацијата од околу 50.000 луѓе најмногу го населила Каоколанд во оддалечениот регион Кунене. Иако некои од момчињата носат маици, во внатрешноста на племето постојат многи малку влијанија од Западот, па така неговите припадници носат кожна облека, пишува Дејли Мејл.

Фото: Профимедиа

Од пубертетот жените на племето Химба прават плетенки и секоја ја украсуват со глина, во црвена и жолта боја направена од земјата, а користат иста смеса за да ги бојат своите тела во црвено со цел да се заштитат од сонцето. Племето Химба верува дека црвената боја е прекрасна и дека ја симболизира бојата на земјата и крвта.

Фото: Профимедиа

Девојчињата пред да влезат во пубертет ја делат својата коса на две едноставни плетенки. Машките од племето Химба имаат една плетенка кога се сами, а ја врзуваат косата позади кога ќе се оженат.

Децата ги чуваат жените и останатите деца од племето, а мажите често се отсутни од домот на долг временски период.

Фото: Профимедиа

Племето Химба е патријахално и склоно на полигамија, па мажите имаат по неколку жени, особено доколку имаат многу стока.

Традиционално, жените носат едноставни кожни наметки и не се капат, избирајќи да користат ароматични билки и смола наместо тоа.

Химба се номадски овчари и често мигрираат сезонски од матичното село во селата во кои обезбедуваат подобри пасишта за нивните животни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dmytro Cherkasov (@dmytrocherkasov)


Улогата на жените во племето вклучува подигнување на децата, тие ја молзат стоката, додека мажите деновите ги поминуваат со стадата.

Жените носат неверојатно сложени стилови кои се менуваат во зависност од тоа дали се во брак и колку се стари.

Ирскиот фотограф Тревор Кол го побарал ова изолирано племе со цел да ја забележи нивната традиција, вклучувајќи го и уникатниот накит, стилот на фризурите, облеката, начинот на живот и нивните колиби.

„Уживав во едноставноста и хармонијата кои ги видов во ова племе. Тие живеат едноставно, работат заедно и чувствителни се на потребата да ја заштитат својата животна средина. Заслужуваат право да ја одредуваат својата иднина и да не се хомогенизираат или променат поради акултурација“, изјави Кол.

Племето Химба е заштитено од претераното изложување во јавноста благодарение на строгите насоки дадени од Владата за посета на оваа заедница.

Фотографот истакна дека културната отпорност на племето потекнува од изолацијата, гордото сфаќање на својата култура и заштитата од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот