ФОТО | Пејачката Пинк оперирана, ја дочека 2026 година во болница
Рок-пејачката Пинк (46) сподели моќна новогодишна порака на надеж со своите обожаватели и ги покажа завоите на вратот додека доаѓањето на 2026 година го дочекала од болничкиот кревет по операцијата на вратот.
Препорачано
Пејачката, чие вистинско име е Алеша Харт, открила дека добила „два нови, сјајни дискови на вратот“, со порака дека „рокенролот е контактен спорт“, во описот на објавата на Инстаграм.
Пинк е позната по исклучително тешките и опасни настапи, во текот на кои често изведува воздушни акробации од високи сајли. Пејачката со години ги поместува границите на сценските настапи, а цената на таквата посветеност понекогаш се плаќа.
View this post on Instagram
Пинк открила дека ја поминува Новата година сама, закрепнувајќи, додека нејзиното семејство ужива во сноубординг. Со насмевка, таа објави селфи од болничката соба – во болничка ноќница, со голем бел завој околу вратот, под кој се гледа цевката.
„Им посакувам на сите среќна Нова година. Многу сум среќна што можам да се збогувам со годината на Змијата и да ја дочекам годината на Коњот. Ја оставам целата болка од 2025 година зад себе“, напишала покрај фотографијата:
Пинк се осврнала на годината што ја остава зад себе:
„Оваа година беше исцрпувачка за сите нас, од апсолутно разорна до малку иритирачка. И во средината на сето тоа, имаше толку многу убавина.“
Таа додала дека соништата и кошмарите се оствариле во изминатата година:
„Ја завршувам оваа година почитувајќи го моето тело, обрнувајќи му внимание и поправајќи го. Можеби не е фенси лифтинг, но добивам два нови диска на вратот. Нова лузна, нов потсетник да го ценам ова тело што го имам и да го користам максимално.“
Во моќна порака, Пинк ја нагласила својата лична одлука да ја дочека новата година со надеж:
„Рокенролот е контактен спорт. И додека седам сама во болничка соба на новогодишната ноќ, додека моето семејство среќно вози сноуборд, знам дека 2026 година ќе биде подобра – затоа што јас така одлучив.“
Таа, исто така, додала порака за солидарност:
„Се надевам и се молам секој човек да има можност да го направи тој избор. Знам дека за некои тоа не е реалност. Оваа година ќе работам да им помогнам на другите да го зачуваат правото да избираат за себе и за своите семејства.“
Пинк емотивно продолжила:
„Да бидеме подобри кон себе и кон другите. Да не се плашиме да се грижиме за себе и за другите. Јас одбирам радост и ја оставам болката зад себе. Јас одбирам позитивни мисли пред негативни.“
На крајот таа порачала:
„Ќе се борам со гаснењето на светлата. Ќе ја вратам мојата дивост. Ќе продолжам да ја барам светлината, дури и додека одам низ темнината.“


