ФОТО | Откриена бронзена статуа на Бриџит Џонс во Лондон, Рене Зелвегер полна со емоции
Бриџит Џонс, необичната филмска хероина, им се придружи на Мери Попинс, Хари Потер и други сакани филмски ликови со своја бронзена статуа на лондонскиот плоштад Лестер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Добитничката на Оскар, Рене Зелвегер, која го играше главниот лик во сите четири филмови за Бриџит Џонс, присуствуваше на откривањето на статуата по повод 25-годишнината од објавувањето на првиот филм „Дневникот на Бриџит Џонс“.
„Доста е лудо. Малку е чудно. Не е нешто што некогаш би го очекувале (…) тоа е навистина изненадување“, рекла Зелвегер.
Авторката Хелен Филдинг го создаде ликот на Бриџит Џонс пред повеќе од 30 години за колумна во весник во која се детално е опишан љубовниот живот на Бриџит.
View this post on Instagram
Статуата на Бриџит Џонс е дел од филмската патека „Сцени на плоштадот“, серија скулптури на филмски ликови на Лестер Сквер, каде што се одржуваат многу филмски премиери. Патеката беше отворена во 2020 година и вклучува статуи на Лорел и Харди, како и на Бетмен, меѓу другите.
Ерик Фелнер, претседател на филмската компанија „Воркинг тајтл“, која ја продуцираше франшизата „Бриџит Џонс“, по најавата дека ќе биде подигната статуа во центарот на Лондон во чест на хероината со исто име, изјави: „Одлично е бидејќи Бриџит е вистински лондонски херој, а идејата таа да биде постојано присутна во центарот на Лондон е навистина возбудлива“.
Задоволен, Фелнер се пофали: „Ова е првпат да изберат лик од романтична комедија“.


