Бранди Гланвил - Фото: EPA/NINA PROMMER

ФОТО | Причината за уништеното лице на Бранди Гланвил биле старите импланти во градите: „Научив тешка лекција“

Американската реалити ѕвезда и поранешна манекенка Бранди Гланвил откри дека причината за уништеното лице подолго време биле нејзините имплантати во градите. Таа за „ТМЗ“ изјавила дека имплантатите, кои ги имала вградени пред 20 години, пукнале. Силиконот истекол во лимфните јазли, ги затнал и на крајот предизвикал инфекција на лицето.

„Дефинитивно имав паразит. Бев шокирана бидејќи скоро 20 години имав имплантати. Изгледаа добро, ми беше удобно, мамограмот покажа дека се во ред. Само ултразвукот покажа дека не се во ред. Чувствував дека треба да ги проверам, зошто да не..“, изјавила таа.

Бранди Гланвил – Фото: Инстаграм

Бранди навела дека посетила дури 21 лекар и потрошила многу пари додека конечно не ја добила вистинската дијагноза.

Таа истакнала дека постои болест предизвикана од имплантати во градите и дека имплантатите би требало да се менуваат на секои 10 години. Таа призна дека тоа не го направила и дека научила тешка лекција.

Според „Cleveland Clinic“, оваа болест може да се појави години по вградувањето и предизвикува широк спектар на симптоми.

Бранди додала дека „ужасно е преку ноќ да остариш 20 години“ и дека посетувала ласерски третмани за лице и неодамна ги променила имплантатите во градите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот