ФОТО | Нашинка во странство: Нина Маџиров со нова веб-серија во Америка

Колаж: СП. / Фото: Приватна архива
Од средината на минатиот месец на каналот Јутјуб се емитува серијата „Ѓубре“ на Нина Маџиров, глумица и продуцент, која живее и работи во Лос Анџелес. Во серијата глумат неколку познати американски глумци.
Фото: Приватна архива

Новата веб-серија насловена „Ѓубре“ (Trash) на Нина Маџиров може да се следи на каналот Јутјуб. Приказната обработува секојдневни љубовни драми меѓу две другарки кои живеат во Лос Анџелес. Ликот на Александра, филмски композитор, која сака да успее во Холивуд, го толкува Нина Маџиров, додека Оливија (Џенингс Рајс) е писателка што работи за позната водителка (Џули Филипс Стајн).

Фото: Приватна архива
Во серијата девојките го живеат типичниот „Л.А живот“, Александра и Оливија се обидуваат да ги најдат идеалните момчиња за нив.

– Мајсторот го глуми Рајан Бертроше, кој е познат глумец во Лос Анџелес, особено по улогата во серијата „Еуфорија“ што се емитува на ХБО. Љубовната приказна на Александра и Мајсторот се развива во интересна врска, полна со изненадувања.

Фото: Приватна архива

Водителката и шефицата на Оливија (Џенингс Рајс), Џули Стајн, се појавува во познатата серија „The Young and The Restless“, која се емитува на американскиот CBS канал – вели Нина.

Фото: Приватна архива

Насловот „Ѓубре“ се однесува на некои момчиња кои се однесуваат како „ѓубриња“ кон девојките, но сепак, сценариото е напишано со идеја да покаже дека не се сите момчиња такви.

Фото: Приватна архива
Композитор на музиката за серијата е братот на Нина, Љубен Маџиров. Инаку, овој спонтан и интересен проект веќе предизвикал многу интерес кај големи холивудски агенти и продукциски куќи.

Нина Маџиров, глумица и продуцент: Силно верувам во добрината на човекот

НИНА и ЉУБЕН МАЏИРОВИ: Од секоја болка и тага се раѓа нешто убаво!

Разговор со Љубен Маџиров, музичка ѕвезда во подем и син на виртуозот Зоран Маџиров: Зрелоста потекнува од сите нас, а вежбањето „му е мајката“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот