ФОТО | Најубавата жена на светот ќе глуми покрај Милош Биковиќ во „Јужен ветар“

Instagram
Милош Биковиќ / Фото: Инстаграм

Моника Белучи и Вилијам Болдвин ќе играат во втората сезона на хит-серијата „Јужен ветар“.

Една од најубавите жени на светот и познатиот холивудски заводник ќе се приклучат на тимот на акциониот трилер „Јужен ветар“ во режија на Милош Аврамовиќ, пишува српски „Информер“.

Фото: Профимедиа

Покрај Моника и Вилијам, во ова остварување ќе глуми и американскиот актер Мајкл Медсен, кога публиката го памети од филмовите на Тарантино „Убиј го Бил 2“ и „Улични кучиња“.

Продолжението на српскиот хит „Јужен Ветер“ ги руши сите рекорди: 200.000 гледачи за само една недела

– Исклучително ми е драго што Вилијам Болдвин и Мајкл Медсен ќе бидат дел од серијата „Јужен ветар“. Ова е првпат по долги години толку големи и признати холивудски ѕвезди да учествуваат во некој српски проект. Соработката со нив е првиот чекор кон тоа да биде сосема нормално во иднина светските ѕвезди да се појавуваат во нашите серии и филмови – вели Аврамовиќ.

Режисерот открива дека холивудските актери веќе потпишале договори, додека преговорите со Белучи се уште се во тек.

– Со Моника наголемо преговараме и би било одлично и таа да биде дел од тимот. Има многу фактори кои ќе мора да се усогласат, како што е терминот на нашето снимање и нејзините обврски. Планирано е да има неколку денови на снимање во Италија и неколку во Србија – рекол режисерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by caraiva. (@caraiva)

Болдвин и Медсон ќе глумат американски агенти во „Јужен ветар“.

– Тие во серијата ќе ги штитат интересите на американската администрација, не само во Србија туку и на Балканот. Планирано е да дојдат во Србија напролет или почетокот на летото и цело време да снимаат овде, најмногу во Белград. Вилијам и Мајкл се добри пријатели и приватно, двајцата се фантастични и за мене е голема чест што ќе бидат дел од нашата екипа – рекол Аврамовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот